Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет Ѓокиќ ќе биде кандидат на Студентската листа
Сè уште е неизвесно дали ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ, ќе се најде на студентската листа на претстојните вонредни парламентарни избори во Србија. Како што неофицијално дознава „Н1“, со тесно мнозинство било изгласано вето на неговата кандидатура – студентите од 43 факултети гласале за, а од 42 против. Наводната одлука, сепак, сè уште не е конечна.
Телевизијата се обидела да стапи во контакт со Ѓокиќ за да провери дали тој е запознаен со одлуката на студентите, но до објавувањето на текстот немало одговор.
Студентите, пак, не сакале да ги коментираат наводите.
„Нашите процеси се одвиваат во рамките на Студентското движење, па нема да коментираме медиумски, таблоидни или наводи од социјалните мрежи за ниту еден потенцијален кандидат. Како што и досега велевме, листата ќе биде позната откако ќе бидат распишани изборите“, изјавиле студентите за Н1.
Ѓокиќ претходно изјави дека студентите и граѓаните ќе одлучат дали тој би се борел за премиерската или за претседателската функција.
Н1 контактирал и со Јасмина Пауновиќ, Раде Паниќ и Владимир Бељански, за кои претходно се шпекулираше дека се на студентската листа, но дека во меѓувреме и на нивните кандидатури им било ставено вето. Тие не сакале да ги коментираат информациите, наведувајќи дека немаат официјални сознанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…