Неизвесно на Блискиот Исток: Дали Нетанјаху ќе се откаже од одмаздата против Иран по разговорите со Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден наводно го одвратил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да изврши одмазднички напад против Иран, кој минатата ноќ лансираше околу 300 беспилотни летала и проектили врз Израел, пишува Њујорк Тајмс, пренесе дневник.хр.
Бајден наводно му рекол на израелскиот премиер дека пресретнувањето на речиси сите дронови и ракети е голема победа и дека не е потребна дополнителна одмазда.
По ескалацијата на Блискиот Исток, високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел свика состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за во вторник, имајќи предвид дека иранскиот напад без преседан врз Израел ги подгрева стравувањата од војна на Блискиот Исток.
„Нашата цел е да придонесеме за деескалација и за безбедност во регионот… Во име на земјите-членки на ЕУ, силно ги осудувам иранските напади врз Израел и ги повикувам сите страни на екстремна воздржаност. Само што разговарав со иранскиот министер за надворешни работи Абдолахиан за да ги пренесам овие пораки и да го повикам Иран да не ескалира понатаму“, вели Борел.
]
Поради иранскиот напад врз Израел беше свикан видео состанок на Г7, како и вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН.
Претходно, израелското Министерство за надворешни работи истакна дека Иран мора да плати „почетна цена“ за својот напад. Иранската револуционерна гарда мора да биде признаена како терористичка организација, изјави портпаролот Лиор Хајат.
Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека британската воена авијација соборила беспилотни летала лансирани од Иран во нападот на Израел и повика на воздржаност за да се избегне ескалација на конфликтот.
„Ние се залагаме за безбедноста на Израел и поширокиот регион, што е, се разбира, важно за нашата безбедност овде дома. Сега сите треба да размислуваме ладнокрвно и смирено“, смета Сунак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…