Нека е вечно ВМРО, нека е вечна Македонија: Груевски го честиташе 23 Октомври со натпис од Ѓорче Петров

t

Поранешниот премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ја честиташе 130-годишнината од формирањето на Македонската револуционерна организација – МРО. Груевски на Фејсбук сподели натпис од Ѓорче Шетров во списанието “Лоза”.

Неговата објава ви ја пренесуваме во продолжение:

Честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, во јубилејната 130 година од формирањето на организацијата.

На овој значаен ден за кој толку многу сум пишувал во минатото објавувам еден краток напис напишан од Ѓорче Петров во петиот број на списанието “Лоза” под псевдонимот “Николаев” во мај 1894 година, каде само ако се избрише зборот “Турска” (влада) и “и прашањето за Одринскиот Вилает” се чини како да е излезен од било кој загрижен македонски патриот и граѓанин на Македонија денес во 2023 година, во која иако формално во своја, Македонците се чувствуваат и нивната положба е како да не се во своја држава.

Инаку Ѓорче Петров во натписот со незадоволство го коментира член 23 од Берлинскиот договор од 1878 година, со кој Турција се обврзува во Македонија да пристапи кон реформи.

Се разбира, Ѓорче Петров вели “Нам, на Македонците…” а не “Нам на Бугарите од Македонија” или само “Бугарите”.

“Да се здружиме”

„Нам, на Македонците, положбата во овие последни години уште повеќе ни се влоши. Од една страна, најинтелигентното и најбогатото население од Македонија чувствително се губи под неподносливиот поредок и него го голтаат соседните ослободени земји, од друга страна, секоја година со десетици илјади работни раце не се ослободени да ги обработуваат своите земјишта, ги напуштаат своите домови, оставаат се пусто и заминуваат во странство, од каде што најмалку половина век не се враќаат по своите куќи; од трета, многубројни убиства речиси секој ден таму се извршуваат од своеволните разбојници. Дури и самата турска Влада со својата пристрасна трпеливост им дава полна слобода на разни пропаганди кои го разделуваат христијанското население и го развратуваат било преку големи поткупи било преку внесување заблуда, иако самата Влада многу добро ја познава народноста и верата на тоа несреќно население и е должно да го заштитува од осквернавување на неговите чувства и обичаи….. Според тоа, ние сме должни да започнеме систематска дејност која ќе ја покаже пред целиот надворешен свет нашата лоша положба и ќе го постави одново македонското прашање и прашањето за Одринскиот Вилает на зелената маса. Но за една таква дејност потребно е групирање сите Македонци: ние сите треба да се обединиме и здружно да дејствуваме.”

Нека е вечно ВМРО!

Вечно да се слави празникот!

Нека е вечна Македонија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…