Нека каже ВМРО-ДПМНЕ што за нив е национален интерес, ние сме подготвени да разговараме за сѐ, порача Филипче
Да видиме што за ВМРО-ДПМНЕ е национален интерес а ние сме подготвени да разговараме за било што, рече новиот лидер на СДСМ Венко Филипче коментирајќи ја изјавата на премиерот Мицкоски за подадената рака за соработка по прашањата од национален интерес. Филипче во вечерашната Топ Тема на Телма рече дека додека бил министер за здравство му понудил на ВМРО-ДПМНЕ заеднички да работат на проектот за нов клинички центар, но тие го одбиле и блокирале.
Нема поголем проект од национален интерес во сферата на здравството, па и генерално би рекол, од една нова болница, па вмро-дпмне и покрај тоа што им беше понудено да го водат проектот преку контрола во собранието и парламентарна група во која што тие ќе имаат мнозинство не го прифатија. Го блокираа и ние сега немаме нов клинички центар. ако тој тогаш се прифатеше сега веќе еден од блоковите ќе беше пуштен во функција. Но, ние сме отворени да разговараме за било што, но ајде да видиме за што конкретно треба да разговараме, рече Филипче.
Упати критики и за почетокот на работата на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ВРЕДИ и движењето ЗНАМ.
Предлагаат проекти во енергетиката откако претходно блокираа други проекти кои што беа многу подобри и покорисни за државата. Го критикуваа проектот чебрен во кој што државата требаше а има 30 посто сопственост а сега кажуваат дека треба да имаме капацитет да го направиме сами, а не некој друг да го прави. сега предлагаат проект во небазна енергија, во ветерни електрани којшто го прави повторно странски инвеститор во кој што државата нема никаква сопственост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…