Нека не ве лажат дека кај нас е лошо бидејќи секаде е лошо: До крај на зимата ќе потрошиме 200 милиони евра за струја, наместо во државни капацитети се инвестира во сопругата на премиерот
Само во последните 45 дена, Македонија има увезено струја за 40 милиони евра! Со ова темпо, до крај на зимата ќе надминеме 200 милиони евра, вели Јован Крајевски од Левица.
– Наместо државата да инвестира во државни капацитети за производство на струја, сопругата на премиерот влегува во бизнис со струја, која што на крајот на зимата ќе биде многу побогата од што е на почетокот.
Кризата во Македонија е единствено последица на ратното профитерство на власта. Нека не ве лажат дека кај нас е лошо бидејќи секаде е лошо, напиша Крајевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…
Во сервис за возила на улица „Железничка“…
Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска…
Корисниците во делови од Ѓорче Петров и…
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…
Без струја делови од Гази Баба и…
Регионалниот центар за управување со кризи на…
Без струја денеска ќе останат дел од…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…