“Нека патат Русите”: Германците плаќаат седум пати поскап гас отколку пред санкциите кон Русија
Германија во моментов плаќа 140 евра за мегават-час за увоз на гас, што е околу седум пати повеќе од просекот за периодот 2010-2020 година.
„Ако ЕУ сака да ја одржи конкурентноста во сферата на хемиската, прехранбената и тешката индустрија, тогаш ѝ треба евтин гас, а за Европа нема поевтин гас од рускиот“, пишува колумнистот Хавиер Блас во напис за „Блумберг“, пренесува Политика рс.
Затоа, Блас наведува дека Русија има шанса да ја врати водечката позиција во испораките на гас во Европа и повторно да стане клучен снабдувач на гориво во Европската унија.
„Колку европските лидери се колнат дека по завршувањето на украинската криза нема да се вратат во вообичаениот ред на нештата, неизбежната географска и пазарна реалност може да ги разубеди дури и најрешителните политичари“, коментира колумнистот на Блумберг.
Претходно, извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол, изјави дека Европската унија ќе треба да плати дополнителни 100 милијарди евра во 2023 година, со цел следната зима да обезбеди енергетска безбедност за земјите кои моментално немаат руски гас. Во исто време, агенцијата смета дека Русија нема да може да најде купувачи за количините што и се потребни на Европа, а кои организацијата ги проценува на 2,5 милиони барели дневно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети…
Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори…