Неколку булевари во Скопје попладнево затворени за сообраќај
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (08.03.2023), поради најавено одржување на марш за женски права, со почеток во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Притоа, трасата на движење е од плоштадот „Филип Втори Македонски“, во продолжение по ул.„11 Март“, право на бул.„Гоце Делчев“, десно по бул.„Илинден“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, лево по ул.
„Димитрие Чуповски“, во продолжение по ул.„11 Октомври“ и лево до парк „Жена борец“.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…