Некој сепак ќе легне на брашното: Конечен договор меѓу Косово и Србија се планира до март следната година

t

Косовскиот премиер Албин Курти денеска пред пратениците во Собранието на Косово изјави дека Европската унија и САД „планираат да март следната година да се постигне конечен договор меѓу Косово и Србија“,објави Нова.рс.

Тој рече и дека самите ЕУ и САД „сакаат нова динамика“ и дека „тоа е предлог на ЕУ.

Курти изјави дека треба да се разгледаат 33 договори потпишани досега.

„Има предлог, како добра основа за дискусија, и секако таму се споменуваат минатите бриселски договори, но се споменува и предлогот од 18 август што го дадов како општа рамка за договорот. „Не сакам да демантирам дека се склучени 33 договори, но јас не ги потпишав, мораме да ги прегледаме“, рече Курти.

Собранието на Косово не го усвои предлогот за резолуција поднесена од опозициската Алијанса за иднината на Косово, со која се бара, покрај одложувањето на спроведувањето на владината одлука за регистарските таблички, која беше договорена во Брисел на 23 ноември, да се започне дијалог со косовските Срби и тие да бидат поканети да се вратат во институциите.

Србите ги напуштија институциите поради одлуката на Владата на Косово возилата со српски таблички да се пререгистрираат со косовски таблички – РКС.

Курти за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг изјави дека не би одел во Брисел за да преговара за прашањето за регистарските таблички, туку за сеопфатен договор, кој, како што кажа, мора да биде постигнат пред пролетта 2023.

Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер, порача дека Курти може да во Брисел кога сака и како сака тоа е негов проблем и му посака среќен пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…