Немања Видиќ го крена гласот: Треба да одам во затвор за да добијам функција во српскиот фудбал
На почетокот од оваа година Немања Видиќ се кандидира за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија за непосредно пред изборите да ја повлече кандидатурата и за прв човек на српскиот фудбал да биде избран Драган Џајиќ.
И ден-денеска, на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајттед не го преболел она што се случуваше при изборот.
„Како тоа, Драган Џајиќ кој беше во затвор и призна дека правел малверзации и Звездан Терзиќ кој не ја докажа својата невиност, туку процесите против него застареа, ги водат двете најголеми организации во српскиот фудбал – ФСС и Црвена Звезда. Тоа е порака за сите луѓе во Србија дека тука не се гледа работата, туку е важно да си подобен“, изјави Видиќ во интервју за српскиот магазин Нин.
Џајиќ четири години не успеа да ја докаже својата невиност и потоа тогашниот претседател на Србија, Томислав Николиќ го аболираше. Според Видиќ, популарниот Џајо со тоа признал дека ја крадел Звезда. За Терзиќ, Видиќ тврди дека се гордее што бил во притвор каде, како што вели, запознал многу квалитетни луѓе. За двајцата, Видиќ вели дека се лош пример за општеството, особено за младите во земјата кои се повеќе сакаат да личат на нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница: Филипче…
Изборите во Брвеница се и порака за…
Северна Кореја тестираше нов торпедо опремен со…
Северна Кореја успешно тестираше подводен систем со…
(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…
Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еротеј
Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува…