Нема билатерален проблем помеѓу Софија и Скопје, историјата да не се злоупотребува, кажа бугарската вицепремиерка
Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел, која пристигна во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, изјави дека нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Македонија, туку станува збор за исполнување на вредностите на ЕУ, а историјата треба да им се остави на историчарите и да не се злоупотребува, политизира и радикализира.
– Нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Република Македонија. Бугарија е земја-членка на ЕУ и ги поддржува принципите и вредностите на ЕУ. Ако Македонија сака да стане членка на ЕУ, мора да покаже дека членството во ЕУ значи обврски и исполнети ветувања. Разбирањето во ЕУ е јасно, сакаме да покажеме дека мора да се почитуваат човековите права и принципите на ЕУ – истакна Габриел на синоќешното отворање на изложбата „Пловдив – град на мозаиците“ во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, осврнувајќи се историските прашања и несогласувања меѓу Софија и Скопје, Габриел истакна дека „историјата има свое значење и таа треба да биде предмет на дискусија на историчарите и експертите, бидејќи секогаш кога ќе се укаже прилика да се злоупотреби, таа се политизира и радикализира. Така одиме во маѓепсан круг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова: Aрмијата е фактор на стабилност, безбедност…
Македонската Aрмија денес е високо организирана воена…
Мисајловски: Продолжуваме со уште позасилено темпо да…
Македонската Армија денеска, 18 август, одбележува 34…
Четврт смртен случај од западнониска треска, пациентот…
Уште еден пациент во тешка здравствена состојба…
ЕРДОГАН ИМ ДАДЕ ПРИОРИТЕТ НА КРИТИЧНИТЕ МИНЕРАЛИ,…
Турција ќе формира ново државно тело кое…
ВЛЕН: Инфлацијата се намали за 2,3 отсто,…
Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме…