Нема блокада на границите утре: Превозниците од Македонија и регионот го одложија протестот
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора нема да ја реализираат најавената блокада на граничните премини кон Европската Унија на 14 септември.
Ова го потврди и „Макам-транс“, од каде соопштија дека одлуката била донесена по средба со претставници на дел од земјите-членки на Шенген, преку Мисијата на Европската Унија во Белград.
Причината за незадоволството на превозниците е правилото според кое професионалните возачи можат да престојуваат во Шенген-зоната најмногу 90 дена во период од 180 дена.
Превозниците предупредуваат дека професионалните возачи не се туристи и дека ваквото ограничување практично им го отежнува нормалното извршување на меѓународниот транспорт.
Засега протестот е ставен во мирување откако превозниците добиле уверување дека ќе се забрза барањето решение за нивниот статус до усвојувањето на новата визна стратегија, што се очекува во втората половина на 2027 година.
Темата е исклучително важна и за Македонија.
Голем дел од македонскиот извоз и увоз кон европскиот пазар зависи од патниот транспорт, па повеќедневна блокада би можела да создаде проблеми за компаниите, фабриките и синџирите на снабдување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…