Нема Влада без Бугари во Устав! Касами: Во нашата програма која ќе биде и владина предвидени се уставни измени

t

Имаме програма која ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени, рече носителот на листата со кандидати од коалицијата Влен/Вреди за Изборната единица 6 и лидер на политичката партија, Биљал Касами во одговор на новинарското прашање за коментар на изјавата на Христијан Мицкоски дека засега немаат добиено услови за заедничко коалицирање во идната влада. Тој потенцира дека основен услов се спроведување на уставните измени.

„Ние сега не разбираме што тоа значи. Ако некои други, во овој случај ДУИ праќаат емисари до него за да безусловно влезат во идната влада како што влегоа и во досегашните влади, за нас тоа е непоимливо. Во делот на таа програма има и уставни измени, интегрирање во ЕУ и сè што е во делот на подобрување на животот на нашите граѓани и унапредување на државата во процесот на евроинтегрирањето, рече Касами.

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците се осврна на притисоците кои биле спроведувани врз граѓаните во првиот круг на гласање за претседател и оние кои ги правеле, бидејќи како што нагласи, ќе се бара нивна одговорност.

„Има огромни притисоци од претставници на јавни институции, посебно од полиција. Во селото Чегране веќе и снимени. Има и луѓе во Исламската верска заедница во Гостивар кои се организирани како штаб којшто работи за ДУИ, што е претерано“, рече Таравари.

Тој посочи дека тие претставници на јавни институции да бидат внимателни, бидејќи како што рече, после 8 мај ќе треба да се одговара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на…

По успехот кој го имаше СДС на…

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…