Нема да има милост – Ковачевски: Ќе се казнуваат трговците што нема да го почитуваат ограничувањето на маржите
„За најранливите категории на граѓани во моментов работиме на пакет мерки кои ќе се финансираат од буџетот за директни финансиски средства, да може да имаат дополнителен финансиски приход со кој ќе можат полесно да се справат со кризата“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ21.
Тој додаде дека целото општество треба да покаже солидарност и дека државата не треба да финансира изобилие или профит, туку да финансира солидарност кон најранливите.
„Се обидуваме да ја одржиме куповната моќ на граѓаните преку пакетите на мерки, но сите мора да разбереме дека сме во најтешката криза по Втората светска војна“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека инспекторите ќе продолжат да ги контролираат трговците кои не ги почитуваат замрзнатите маржи на основните производи и дека за секое прекршување ќе следуваат казни и корекции.
Владата на последнатаа 87-ма седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за коишто се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало. При редовна контрола на Државен пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според Информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…
Очекуваме годината да ја завршиме со раст…
БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…
Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…