„Нема да му простам на Вучиќ“ – мајката на загинатиот Стефан Хрка осми ден во штрајк со глад
Мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, Дијана Хрка, и денес го продолжува штрајкотот со глад пред српскиот Парламент, барајќи одговорност за смртта на нејзиниот син, кој почина при пад на натстрешница во Нови Сад.
Хрка веќе осум дена престојува во шатор на улица, спиејќи на палети, откако не ѝ било дозволено да се приближи до Домот на Народното собрание, каде што првично планирала да протестира. Подрачјето го обезбедува полицијата, а во непосредна близина постојано има поддржувачи на владејачката Српска напредна странка (СНС), јавува Н1.
Во изјава за медиумите, Хрка му одговори на претседателот Александар Вучиќ, кој претходно изјави дека е „подготвен да разговара со неа и дека неговата совест е чиста“.
„На почетокот не ме повика директно, туку преку неговите медиуми. А потоа рече нешто што ме боцна во уши — ‘ме навреди, но ќе ѝ простам’. Го прашувам претседателот – тој нè навредува сите веќе една година, се закануваше дека ќе нè уништи. Нема да му простам. Нека размисли зошто ме повикува дури сега, по една година,“ изјави Хрка.
Таа истакна дека ако Вучиќ навистина сака да разговара, треба да дојде пред народот и пред сите медиуми.
„Ако се плаши од скандирање, тоа е негов проблем, а не мој. Тој ги собра луѓето што ги плаќа да бидат тука. Тоа се мафијаши, тоа се криминалци. И тој е повреден, а јас не сум?“ праша Хрка.
Храброто мајчино сведоштво повторно го разбуди прашањето за институционалната одговорност и односот на власта кон граѓаните кои бараат правда. Таа порача дека нема да се откаже додека не ја дознае вистината за смртта на својот син.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИСТРАЖУВАЧ ПРЕДУПРЕДУВА: Ова би можело да биде…
Истражувачот во областа на вештачката интелигенција, Никола…
УЈП предаде возило со пристапна рампа за…
Во рамки на активностите по повод одбележувањето…
(Видео) Снегот нема да ги изненади екипите…
Првиот снег нема да ги изненади екипите…
Тошковски: Жал ми е што држава членка…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва…
ОДРЕДЕН 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ДРАГАН ВУЧИЌЕВИЌ: Главниот…
Судот во Белград му одреди притвор до…