„Нема да нѐ газите!“ – Протести во повеќе градови во Србија поради газењето студентка за време на блокада во Белград
Студенти и граѓани попладнево се собраа пред зградата на судот во Нови Сад за да протестираат поради инцидентот во Белград во кој 20-годишна студентка беше тешко повредена кога во неа удри автомобил додека им оддаваше почит на загинатите во несреќата по уривањето на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, пренесе Бета.
Насобраните скандираа „Победа, победа“ бидејќи управата на Правниот факултет во Нови Сад се откажа од намерата да одржи испитен рок во зградат на судот. После тоа излегоа на протестна прошетка низ градските булевари, како поддршка на повредената студентка.
Полицијата набргу по инцидентот го уапси возачот М.П. (38) кој е осомничен за кривично дело – „Тешко убиство во обид“
Демонстрантите во Нови Сад скандираат „Убијци, убијци!“ и носат транспаренти – „Положивме морален испит“, „Крвава банда!“, „Нема испит“, „Каков рок кога има блокада“.
Претходно, студентите во Белград организираа протест со блокирање улици во српскиот главен град по несреќата во која денеска беше тешко повредена студентка од Правниот факултет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…