Објавено на:

Нема да престанеме додека не ги елиминираме сите оперативци на Хамас, вели израелскиот министер за одбрана

t

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан вети дека војната против палестинските терористички групи во Појасот Газа ќе биде „смртоносна“ и трајно ќе ја промени ситуацијата во јужен Израел, пишува Нова.рс.

„Ова е војна на синовите на светлината против синовите на темнината“, рече Галан на прес-конференција од воената база во близина на границата со Појасот Газа, мислејќи на познатиот антички воен прирачник откриен меѓу свитоците од Мртвото Море.

Министерот Галан рече дека израелската армија ќе ја „елиминира организацијата Хамас“, бидејќи тоа е култура која не го прифаќа постоењето на Израел овде, тие се човечки дивјаци, ѕверови, кои убиваа израелски војници, деца и граѓани.

„Ќе стигнеме до сите тунели, ќе стигнеме до сите оперативци на Хамас и додека не ги елиминираме, нема да ја завршиме мисијата“, посочи Галан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…