Нема да се одржи денешното судење за двојното убиство на Вања и Панче
Денешното судење на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски нема да се одржи. Утринава, судот добил известување од адвокатот на Палевски, дека не е во можност да присуствува од здравствени причини.
Поради тоа, ќе се донесе решение за одлагање на расправата, а наредбите за спровод на Палевски и обвинетите Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски ќе бидат отповикани од судијата Ивица Стефановски. Отповикана, ќе биде и наредбата за спровод на Александар Ѓорчевски од куќен притвор.
Расправите требаше да завршат до крајот на месец мај, а веќе во јуни да може да се донесе пресуда. Одлагањата на рочиштата од било која причина ќе го успорат процесот. Палевски претходно имаше двајца адвокати, но еден од нив, Маријан Витанов, се откажа. Остана Страшевски.
На следното рочиште, исказ треба да продолжи да дава Палевски, како и да одговара на прашањата од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…
Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…