Објавено на:

Нема жртви, нема повредени, објектот е осигуран, Скопје ќе добие нова Универзална, вели министерката за култура

t

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што денеска избувна во Универзална сала, изјави дека денешниот инцидент нема да нѐ премисли да се откажеме, она што е сигурно е дека Скопје ќе има нова Универзална сала.

„Ова е голем шок за скопјани, но и за сите македонски граѓани. Веднаш интервенирале пожарникарите и како што може да се види, пожарот е ставен под контрола”, изјави Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека е најважно што нема жртви и нема повредени.

Костадиновска-Стојчевска, по информациите дека изгорел внатрешниот дел од салата, изрази очекување многу брзо да бидат достапни првични информации во врска со утврдување на причините за пожарот, обемот на штетата и евентуалната одговорност.

„Апелирам до институциите за брзо постапување, да се утврдат фактите колку што е можно поскоро”, изјави министерката за култура, која потврди дека надворешната челична конструкција е противпожарно заштитена, а салата е осигурана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…

Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…

Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…

МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…

Министерството за образование и наука соопшти дека…

Трамп рече дека не планира нови напади…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…

Над 90 уапсени во Србија за две…

Повеќе од 90 лица се уапсени во…