НЕМА ИГРАЊЕ СО НИВ: Кина го забрани говорот на претседателот на ЕУ
Кинеските власти го забранија емитувањето на говорот на претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел во текот на церемонијата на отворањето на меѓународниот саем во Шангај.
Тоа го пренесоа белгиските медими и додаваат дека веста ја потврдил и портпаролот на Мишел, Баренд Лејтс.
Мишел ја снимил видео пораката која требало да биде емитувана заедно со пораките на другите светски лидери на отворањето на China International Import Expo (CIIE) во петокот.
„Кина треба да игра улога, користејќи го своето влијание, да ја запре бруталната војна на Русија. Вие можете да помогнете оваа ситуација да се прекине“, рече Мишел во пораката.
Баренд Лејтс посочи:
„Претседателот Мишел е повикан да се обрати на оваа церемонија. Како што бараа кинеските власти, ние навистина испративме претходно снимена порака, која на крајот не беше емитувана. Разговаравме за тоа преку нормални дипломатски канали“..
Кинеските министерства за надворешни работи и трговија, организаторите на саемот и градската влада на Шангај не беа достапни за коментар, наведуваат белгиските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…
Македонија планира да создаде услови за привлекување…
Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…
Вучиќ повторно на чело на СНС? Предлогот…
Главниот одбор на Српската напредна партија започна…
Жена е повредена во Ѓорче – непознато…
Скопјанка на возраст од 67 години била…
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…