Нема комеморација, но драмски ќе им оддаде почит на Ристо Стефановски, Сабина Ајрула, Мајда Тушар со црно тиквешко

t

Драмски театар вчера славеше 76 роденден. Но, Драмски заборави да му оддаде почит на човекот кој беше директор на театарот од основањето. Покрај Ристо Стефановски кој почина во март годинава, Драмски не одржа комеморација ниту за актерките Сабина Ајрула која почина пред една година, ниту за Мајда Тушар која почина месецов.

Големите актерки и театролог, долгогодишен театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмскиот театар Скопје, заборавени од раководството на театарот. Наместо одржување на комеморација, Драмски вчера најави дека на Стефановски, Ајрула и Тушар ќе им се заблагодарат за се што му дале на театарот. Дополнително, пред Ѕидот на славните, како што е најавено, ќе се пие и црно тиквешко.

-Денешниов ден ќе го искористиме да ви најавиме дека на 28.4. (четврток) во 12:00 часот ширум ќе ги отвориме вратите на Драмски за сите колеги, соработници, почитувачи на Драмски, без официјални покани, без билети, без протоколи. На 28.4. во 12:00 часот ќе го славиме животот и делото на сите наши кои ги изгубивме во изминатава година. Нема да правиме комеморација за нив. Ќе им се заблагодариме. На Ристо, Сабина, Мајда, Вида… за се она што му го дадоа на Драмски, кој без нив немаше да биде тоа што е денес. Ќе се потрудиме со своето присуство да им дадеме барем малку благодарност за она МНОГУ што Драмски го доби од Нив. А потоа, пред Ѕидот на славните на Драмски, ќе се напиеме тиквешко црно и ќе ви подариме Монографија од Драмски, која благодарение на Нив постои, стои во вчерашната објава на Драмски театар на Фејсбук.

Пред десет дена, актерот Јовица Михајловски јавно праша зошто се уште не е одржана комеморација за Стефановски.

-Ристо го создаде Драмски, тој ја избра екипата, да не беше Ристо можеби ќе го немаше ни Драмски и еве, веќе четврта недела како замина, а јас чекам неговиот Драмски театар Скопје да објави простување како што доликува на основачот и најзаслужниот за ѕвездените успеси на Театарот, како најтрофеен репрезент на македонскиот театар во регионот и пошироко во европски и светски релевантни театарски светилници. Зошто нема комеморација во Драмски театар? Башка што и сегашната в. д. директорка е примена на прва работа во Драмски баш во мандатот на Ристо. Нашиот Ристо е физички отсутен, но духовно, научно е најприсутен во историјата на македонскиот театар. Факт и прилика за Драмски театар да си го потврди и одбележи како свое наследство и придобивка, институцијата која тој ја создаде и обликува во паметник, вели актерот Михајловски.

Два дена подоцна (14.04.2022), преку допис до медиумите стигна реакција и од директорката на Драмскиот театар Катарина Коцевска Хаџи Василева. Во одговорот до Михајловски преку медиумите, таа вели дека не и е пракса, ниту сака да се обраќам на вработени во театарот преку новини, но бидејќи, како што вели, била лично прозвана, чувствува должност да одговори.

Коцевска Хаџи Василева го упати Михајловски да ја следи официјалната страна на театарот каде објавиле дека за терминот на комеморацијата дополнително ќе известат.

-Истиот ден на веста за смртта на господинот Ристо Стефановски (кој за неколку дена не ја дочека премиерата на претставата „Моето име е Горан Стефановски“, за која со синот на Горан Стефановски, Игор Стефановски, се договаравме да го донесеме Ристо Стефановски во Театарот) разговарав со господинот Благој Чоревски, долгогодишниот директор на Драмски театар, кој најдолго бил со Ристо Стефановски како да ја направиме комеморацијата и заеднички одлучивме да не се поклопува со премиерата посветена на неговиот внук, Горан Стефановски, туку истата да се направи покасно и достоинствено, напиша мешу другото Коцевска Хаџи Василева во реакцијата.

Но, очигледно нешто во меѓувреме се сменило, па комеморацијата за Стефановски која ја најави и самата директорка, според најавата се претвори во настан за благодарност за сето она што му го дале на Драмски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ СО ПРЕТСТАВАТА „СЕ…

Со претставата „Се викам Горан Стефановски“ во…

Невработените театарџии преку отворено писмо бараат транспарентност…

Иницијативата „Аудиција СЕГА!“, во која се вклучени…

Традиција: 79 години прилепски театар „Војдан Чернодрински“

Со претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија…

Основан од АСНОМ: МНТ слави 77 години…

Најголемата театарска куќа во Македонија- Македонскиот народен…

Се огласи позната актерка: Тpпев големи пpитиcoци…

Магдалена Ризова Черних која денеска беше сменета…