Нема крај на трагедијата: По 12 дена борба, почина девојчето повредено во пукањето во белградското училиште
Пациентката која се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина утринава, соопшти денеска Министерството за здравство на Србија.
Таа починала и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување.
Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази искрено сочувство до семејството на повреденото девојче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наследник на иранската монархија: Пад на режимот…
Последниот наследник на иранската монархија, Реза Пахлави…
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…
Цените на нафтата паднаа за повеќе од…
Вториот блок на РЕК Битола вклучен во…
Вториот блок на РЕК Битола, попладнево од…
САД: Не се регистрирани напади на други…
Не е регистриран ирански напад во ниту…
МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…