“Нема лабаво кај Ердоган”: Во Турција уапсен грчки шпион!
Турција уапси грчки државјанин под сомнение за шпионaжа, еден ден откако го фати во операција координирана со нејзината разузнавачка агенција, соопшти локалната полиција. Според соопштението осомничениот е приведен во Газиантеп во близина на границата на Турција со Сирија.
„Агентот, беше приведен од судските власти откако беше откриено дека има врски со грчката национална разузнавачка организација. Тој собрал информации за граничната безбедност на нашата земја и ги префрлил на грчкото разузнавање“, се вели во соопштението на полицијата.
Tурските медиуми изминатиот викенд објавија дека осомничениот оперирал маскиран во бизнисмен за време на неговите патувања во Турција.
Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека исчезнувањето на нивниот државјанин било пријавено во грчката амбасада во Анкара пред неколку недели.
Турција и Грција се сојузници во НАТО, но се вмешани во голем број спорови.
Во последните неколку недели има голми тензии меѓу двете држави при што Анкара ја обвини Атина дека стационира војници на островите во близина на нејзината поморска граница, а Грција се закани дека ќе го гранатира Истанбул.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави претходно овој месец дека повеќе нема да одржува билатерални средби со грчките лидери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Апсење кај Ќафасан, гостиварец фатен со околу…
Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…