Објавено на:

Нема мир на Балканот: Србија го потврди обвинението за хрватските пилоти во “Бура”

t

Казнениот совет на Вишиот суд во Белград денеска го потврди обвинението против група хрватски воени лица поради воено злосторство врз цивилно население на Петровачкиот пат во местото Сводна 1995 година, соопшти денеска Вишиот суд.

„Испитувајќи го обвинението на Обвинителството за воени злосторства, казнениот совет е со став дека доказите и податоците собрани во денешниот текот на постапката овозможуваат доволен темел за заклучок за постоење оправдано сомневање дека осомничените преземале дејства од описот на казненото дело кое им се става на товар“, наведно е во соопштението.

Инаку, обвинението на 31 март е поднесено против припадникот на хрватското воено воздухопловство, поради, како што наведува, оправдано сомнение дека извршиле воено злосторство против цивилно население.

Вишиот суд во денешното соопштение објасни и дека се исполнети неопходните материјални услови за обвинение во овој случај, а одлуката е донесена на седницата на советот одржан на 4. јуни.

Против решенијата за потврдување на обвинението обвинетите и нивните бранители можат да поднесат жалба во рок од три дена од денот на приемот на решението.

Бројни хрватски политичари оценија претходно дека Србија нема основа за покренување на обвинение против хрватските пилоти за злосторства над цивилите во операцијата Бура зошто тие настани веќе ги истражија различни организации, меѓу кои и Хашкиот трибунал за воени злосторства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…

Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…