НЕМА МИР: Специјалци на РОСУ пукале во Срби на Косово – Едниот тешко повреден со прострелна рана во градниот кош
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ, соопшти дека припадници на специјалната косовска полиција РОСУ околу 11:30 часот пукале на илегалниот пункт на мостот Бистрица во возило во кое имало двајца Срби, а дека Миљан Делевиќ е ранет, пренесува Косово Онлајн.
„Делевиќ е погоден во левиот дел на градниот кош и има прострелна рана со која итно бил пренесен во болницата во Краљево. Неговиот совозач Душан С. за среќа не бил повреден, додека целиот автомобил бил изрешетан. се наведува во соопштението.
Како што додаде Петковиќ, припадниците на специјалците Росу на Курти со рафали пукале кон српското возило и Србите во него само затоа што не сакале да дозволат полицијата Росу да ги малтретира без никаква основа и причина.
„Специјалците на Курти немаат што да бараат на северот на Косово и Метохија, како и на овој контролен пункт, кој е незаконски поставен и од кој го малтретираат српскиот народ кој секојдневно поминува таму. Белград го предупредува Росу од почетокот на присуството на специјалците на север дека единствена цел им е да предизвикуваат инциденти и малтретирање на нашиот народ во покраината, што беше демонстрирано денеска.Очигледно е дека Курти не се двоуми да ја пролее српската крв и тоа е единствена цел на постоењето на неговите ескадрили на северот на Косово и Метохија“, рече Петковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…