Нема народ: До „Бехтел и Енка“ стигнале само 360 сивија за 2.000 работни места, а потребата ќе се искачи на 8.000 работници

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод официјалниот почеток на градежните активности на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д, оцени дека е мал бројот на македонски граѓани кои до сега аплицирале за вработување во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава

„’Бехтел и Енка’ во моментов разгледуваат 360 сивија од македонски граѓани од сите различни профили. И тоа е малку, бидејќи во моментов на конзорциумот му се потребни 2.000 работници“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека саемите за вработување треба да бидат поттик за сите наши со граѓани, без оглед на возраста, сите оние што се работоспособни и кои сакаат да работат на овој голем проект и во една од најреномираните светски компании „Бехтел“ и нивниот партнер „Енка“. До сега саеми за вработување се одржаа во Тетово, Гостивар и во Битола.

„Вакви саеми ќе бидат организирани и во други градови од државата со цел да бидат пополнети со наши македонски работници така како што стои и во договорот“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во текот на продолжување на градбата на автопатските делници, потребата од работници ќе се искачи до 8.000 работници на патните правци кои што ги работи „Бехтел и Енка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…

Екс студент остави писмени закани до деканот…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…

Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…

Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…

„Безбеден град“ и во Струмица, Битола и…

Министерството за внатрешни работи планира да ги…