Објавено на:

НЕМА ОДМОР ДУРИ НЕ СЕ НАЈДЕ И 653-ТИОТ КУРШУМ! Ким Јонг Ун затвори град од 200.000 жители

t

Војниците прво не го пријавиле исчезнувањето, туку самите се обиделе да ги пронајдат исчезнатите куршуми, тврди изворот и додава дека откако не успеале да ги најдат, ги известиле жителите и почнале ригорозна потрага. Во претресот учествуваат полицијата и војската, а секоја куќа е претресена.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун затвори цел град поради изгубени 653 куршуми од автоматска пушка. Куршумите ги загубила Корејската народна армија при своето повлекување од областа кај градот Хјесан, на границата со Кина, пренесува Јутарни.

Корејската полиција оди од куќа до куќа и пребарува. Градот има 200.000 жители, изјавиле двајца извори Радио Слободна Азија.

– Градот ќе остане затворен додека не се најдат сите 653 куршуми. Армијата целосно се повлече меѓу 25 февруари и 10 март, но во тек е опсежна истрага за загубата на муниција за време на процесот на евакуација – изјави жител на северната провинција Рајанганг.

Војниците прво не го пријавиле исчезнувањето, туку самите се обиделе да ги пронајдат исчезнатите куршуми, тврди изворот и додава дека откако не успеале да ги најдат, ги известиле жителите и почнале ригорозна потрага. Во претресот учествуваат полицијата и војската, а секоја куќа е претресена.

– Оние кои виделе или подигнале колкав било број куршуми се должни да пријават во најкраток можен рок. Оние кои нема да ги пријават куршумите би можеле да бидат казнети – рекол изворот.

Жителите со нетрпение го очекуваа повлекувањето на армијата од областа, но според него луѓето ќе имаат уште помала слобода на движење дури трае истрагата.

Жителите стравуваат дека доколку нема решение, властите по случаен избор ќе казнат некој кој би можел да биде целосно невин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…