Нема откажување, дури нема правда! Утре нов протест во Скопје

t

Клиниката за Онкологија нема евиденција за починати пациенти дома!

Клиниката за онкологија ги води како живи пациентите кои што некогаш се лекувале таму, а потоа починале во домашни услови! Причината за ова е постоењето на два системи кои ја организираат работата со пациентите: „Мој термин“ и „УЛТРА“, но во ниту еден од нив не била регистрирана смртта на пациентите пуштени на домашно лекување.
Според информациите во медиумите, системот „УЛТРА“ е местото каде се заведува каков лек примил секој пациент и по однос на заведеното се прават требувањата за лековите од оделот до аптеката. Согласно ова, за пациенти кои се починати дури и пред десетина години, на нивното досие во УЛТРА почнувале да се лекуваат други пациенти.

Ако се земе во предвид дека овој пропуст постои уште од првиот ден кога е воспоставен овој систем, и за проблемите и пропустите во истиот знаат од директорите на Онкологија, до сите министри за здравство изминативе години, тогаш нема сомневање дека системскиот пропуст е намерен.

Бидејќи не се преземало ништо сите овие години проблемот да се реши, се поставува прашањето: дали пропустот е направен со цел злоупотреба на починатите пациенти и истиот е користен за требување на лекови кои се продаваат на црниот пазар?!

Затоа, го повикуваме обвинителството сериозно да се зафати за работа. Одговорност за правењето криминал и заработувањето пари на сметка на починатите пациенти мора да има! А ние, излегуваме на протест во понеделник од 18 часот, кој ќе заврши пред Обвинителство. Или ќе ги најдете ВИНОВНИЦИТЕ и криминалците, или сте нивни СОУЧЕСНИЦИ, поинаква опција НЕМА!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…

ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Уапсен е тетовец – нападна две деца…

Жител на тетовското село Требош (51) бил…