Нема пари: Конфликтот во Украина го исцрпи буџетот на Европската унија!
Украинскиот конфликт го исцрпи буџетот на Европската унија, објави Европската комисија во објава на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер).
„Конфликтот во Украина и инфлацијата ги исцрпија резервите на долгорочниот буџет на ЕУ. На Европската унија и се потребни повеќе ресурси за да може да одговори на кризи“, се наведува во соопштението.
Како што претходно најави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ЕК го ревидираше повеќегодишниот буџет на ЕУ за периодот од 2024 до 2027 година и им предложи на земјите да го зголемат за 66 милијарди евра – за помош за Украина, спроведување на програмите за миграција и бегалци и зајакнување на конкурентноста на Унијата.
Од нив се предлага да се издвојат 50 милијарди евра во форма на грантови и заеми за финансиска помош за Украина во следните четири години.
Сепак, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека предлогот е несериозен, бидејќи не се знае каде завршиле парите што се префрлени во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…
Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…
Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…
ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…
Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…
Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…
Само неколку дена траеше договорот за откупната…