Нема повеќе да се гази по кал: Завршени градежните работите на улица 40 во општина Шуто Оризари

t

Завршени градежните работите на улица 40, крак на булеварот Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари. По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, успешно го реализираа овој проект, при што жителите на Шуто Оризари добиваат нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот.

Град Скопје планира на овој потег со меѓуопштинска соработка со Општината Шуто Оризари да отпочне со градежни активности и на улица 50, а веќе е завршена улица 38, при што сите овие проекти се од витално значење за граѓаните чие барање се реализира по 30 години.

Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.

https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/videos/1137851100506201

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…