Нема повеќе отворни прашања меѓу Македонија и Србија, вели Ковачевски

t

Министерката за рударство и енергетика на Република Србија Дубравка Ѓедовиќ денеска на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја испрати делегацијата на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, која беше во официјална посета на Република Србија.

Ковачевски во петокот се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателот на Собранието Владимир Орлиќ.

На средбите на премиерите и министрите на двете влади беа потпишани три меморандуми, меѓу кои и Меморандумот за разбирање меѓу Владата на Република Србија и Владата на Република Македонија за соработка во областа на рударството и енергетиката, што го потпишаа министерот за економија Крешник Бектеши и министерката Дубравка Ѓедовиќ, меморандумот за разбирање меѓу двете влади за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница потпишан од министерите за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Братислав Гашиќ и меморандумот за соработка за интероперабилен електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот Отворен Балкан, кој го потпиша министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на средбата со премиерот Димитар Ковачевски оцени дека односите на двете држави се најдобри во поновата историја, додека премеирот Ковачевски истакна дека нема повеќе отворени прашања меѓу Србија и Македонија и дека партнерството меѓу двете земји се пример за регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…

Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…