Нема полнење или дополнување на плински боци- бензинските пумпи под лупа на пазарните инспектори

t

Единствена замена на празната со полна плинска боца од пред десетина дена се практикува на бензинските пумпи во земјава. Ако сакате да ја наполните или да ја дополните плинската боца, тоа веќе не е можно. Ваквата практика се однесува не само на оние од 5 или 10 килограми, туку и за помалите, излетнички. Ова не е резултат на некоја законска измена или на некој нов правилник за точење на горивата, туку само доследна примена на нормите што датираат подолг период, ама не се почитувале.

Од Државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ ја потврдуваат оваа практика и велат дека од средината на декември минатата година, нивните инспектори се на терен и вршат контроли. И вработените на дел од бензинските пумпи не само во Скопје, туку и во внатрешноста ни рекоа дека некои приватни точилници досега се оглушувале од забраната, иако тоа не е дозволено. Дел, пак, велат дека е добро што конечно почна да се почитува одлуката за да се избегнат безбедносните ризици. Забраната за точење плин не значи и зголемени трошоци за граѓани, освен минималните 5 до 10 денари, а тие добиваат безбедни и атестирани боци, особено сега пред летните месеци кога се зголемуваат горештините. Со нелегалното полнење на шишиња за домаќинствата, бензинските пумпи, кршеле најмалку два прописа – за противпожарна заштита и за вршење на нерегистрирана дејност.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурмиши: Ако има зголемувања на маржите во…

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10-ти до…

ДПИ: Во декември времено затворени 26 угостителски…

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец…

Постапка против 11 лица за коруптивни кривични…

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…

ДПИ одзеде над 3.000 нелегални пакувања тутунски…

Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година…

(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…

Оти вие не знаете, на сета мака…