Објавено на:

Нема потреба од масовни напади, уништивме скоро се’ што требаше – вели Путин

t

Владимир Путин изјави дека веќе нема потреба од масовни напади на Украина, која деновиве беше изложена на најжестоките ракетирања од почетокот на војната, при што беа погодени бројни цивилни инфраструктурни објекти. Тој изјави дека најголем дел од одредените мети биле погодени, додавајќи дека негова цел не е да ја уништи Украина.

„Планираната мобилизација на 300.000 резервисти ќе биде постигната за неколку недели“, изјави Путин.

Зборувајќи на самитот на регионални лидери во Казахстан, Путин кажа дека во последните ракетни напади биле уништени 22 од планираните 29 цели во Украина.

„Веќе нема потреба од масовни напади. Сега имаме други задачи“, кажа Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…