Нема превод на македонски јазик од Советот на Општина Тетово
Седницата на новоформираниот Совет на Општина Тетово денеска се пренесуваше на интернет и општинските профили на социјаните мрежи, но без превод на македонски јазик кога се зборува на албански, објави порталот „Тетово инфо“.
На новинарско прашање кога седниците кои се пренесуваат во живо на интернет страницата на Општина Тетово ќе имаат превод и на македонски јазик, старо-новиот претседател на Советот, Бесарт Дурмиши, рече дека за тоа се потребни нови апарати, но општината сѐ уште нема најдено пари за да ги набави.
„Треба да се види во ребалансот и во новиот буџет кога ќе го планираме за идната година да се предвидат средства за да се стават и да се купат елементи за превод на македонски јазик“, рече Дурмиши.
По вонредните избори на 20 август, денеска се одржа конститутивна седница на Советот на Општина Тетово, на која за претседател беше избран Бесарт Дурмиши од Беса, кој и во претходниот состав ја извршуваше оваа функција. За него гласаа вкупно 16 советници, што претставува тесно мнозинство од вкупно 31 член, односно 12-те советници од Движење Беса и четворицата од ВМРО ДПМНЕ. Останатите присутни 14 советници од ДУИ, ДПА, СДСМ и Алтернатива, гласаа воздржано.
Првата седница почна да ја води најстариот член, Ратко Давидовски, кој по изборот го препушти местото на новоизбраниот Дурмиши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички нападнати полицајци во Тетово!
На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Две девојки од Тетово скокнале од такси…
Две девојки од Тетово вчера скокнале од…
Тетовец ја претепал својата девојка, па се…
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…