Нема пречки за приклучување на Македонија кон ЕУ, вели Жозеп Борел
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, смета дека нема пречки за приклучување на Македонија кон Европската Унија, објавија бугарските медиуми.
– Македонија забвележува добар напредок и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното приклучување кон ЕУ. При тоа приклучување стриктно ќе бидат почитувани европските принципи и стандарди. За тоа е неопходна добра соработка, а регионалната соработка останува суштински елемент, исто како и стабилизацијата за да може да се спроведе пристапниот процес. Но билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на приклучувањето – изјавил Борел за БНР, одговарајќи на прашањето какви ќе бидат следните чекори на Унијата ако до ноември Македонија не ги вклучи Бугарите во Уставот.
Вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав е условот што го постави Софија за да се согласи на Преговарачката рамка за земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран произведува 50 балистички ракети месечно
Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…
ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…
Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…
Русија собра 47 бомбардери способни за носење…
Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…
ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…
Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…
Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…
Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…