Нема простор за поскапување на парното, уверува Бислимоски

t

Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниту еден случај нема да има поскапување, рече денеска првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски. Според него, може да дојде само до намалување.

-Дали ќе има субвенции или ќе нема, во текот на јуни ќе ја донесеме одлуката. Можевме и сега да носиме популистички одлуки кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме за потрошувачите кои во енергетската криза, ниту еднаш не беа субвенционирани, да им се помогне пред се на нив, кажа Бислимоски на прес-конференција

Во однос на најавите од одредени партии дека ќе се укинуваат одлуки и ќе се носат одлуки за граѓаните, Бислимоски рече дека одлуки за цени за преност на електрична енергија, тарифни системи за дистрибуција и за преност, тарифен систем за универзалниот снабдувач носи само Регулаторот за енергетика.

-Ниту партија вовела евтина тарифа, ниту партија може да укине надоместок, тоа може само РКЕ, додаде првиот човек на Регулаторна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РКЕ утре ќе донесе одлука за цената…

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за утре…

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…