Нема ревидирање на преговарачката рамка за Македонија, нагласи Радев
Преговарачката рамка, за информација на одговорните институции во Македонија, нема да се ревидира, истакна бугарскиот претседател Румен Радев. Тој нагласи и дека Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност со Договорот за добрососедство од 2017 година, како и со другите меѓународни договори кои Македонија ги потпиша, по повод свечената изјава на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова.
– Убеден сум дека европската перспектива на Република Македонија зависи од строгата имплементација на меѓународните договори, како и на оној одобрен од Европскиот совет во 2022 година. Преговарачката рамка, за информација на одговорните институции во Република Македонија, нема да се ревидира – потсети Радев.
Реагираше и бугарскиот премиер Димитар Главчев.
– По повод церемонијата на инаугурација на новата претседателка на Република Македонија, Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и, во принцип, со договорите меѓу Европската Унија и Република Македонија – се наведува во реакцијата – пренесе БНР.
Главчев додава и дека Македонија е земја-членка на НАТО, од каде што произлегуваат соодветните обврски и одговорности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…