„Нема семејство без заболен“ – Водата за пиење во Гостивар е кафеава
Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост, откако голем број граѓани побарале лекарска помош поради стомачни тегоби и симптоми кои наликуваат на труење.
Според информациите од здравствените установи, во изминатите денови околу 1.200 лица, меѓу кои и деца, се јавиле во гостиварската болница. Во меѓувреме, надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се користи за пиење и подготовка на храна сè додека не завршат анализите.
Од друга страна, градоначалникот на Гостивар и директорката на јавното претпријатие за водовод и канализација изјавија дека засега нема докази кои потврдуваат дека причината за здравствените проблеми е водата од чешмите.
Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде граѓани и јавни личности изразуваат загриженост и бараат целосно расветлување на причините за појавата на симптомите.
Новинарката Анастасија Богдановска посочи дека, според нејзините сознанија, бројот на засегнати граѓани е значително поголем од официјално соопштените бројки, наведувајќи дека речиси секое семејство има барем еден член со симптоми.
Со реакција се огласи и новинарката Мери Јордановска, која праша како е можно толкав број луѓе во краток период да развијат исти симптоми и побара институциите целосно да ја утврдат причината за случувањата и да ја информираат јавноста.
Во меѓувреме, надлежните институции продолжуваат со испитувањата, а граѓаните очекуваат официјални резултати кои ќе ја разјаснат причината за здравствената криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница: Филипче…
Изборите во Брвеница се и порака за…
Северна Кореја тестираше нов торпедо опремен со…
Северна Кореја успешно тестираше подводен систем со…
(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…
Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еротеј
Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува…