Нема сериозни изгореници кај лицето кое синоќа беше однесено на лекар
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше за состојбата на лицето кое вчера беше однесено на лекар поради сомнение за изгореници на рацете.
Според Ангелов, по извршениот лекарски преглед било утврдено дека повредите не се од таков карактер што бараат медицински третман, поради што лицето било пуштено на домашно лекување.
„Важно! Лицето кое вчера беше однесено на доктор со изгореници на рацете, по лекарскиот преглед е пуштено дома бидејќи не биле констатирани изгореници за кои е потребен медицински третман“, информираше Ангелов.
Информацијата доаѓа по вчерашните интервенции на пожарите, кога беше соопштено дека едно лице било однесено на лекар поради повреди на рацете.
Според најновата информација од Ангелов, сепак, лекарскиот преглед покажал дека нема потреба од понатамошен медицински третман и лицето е пуштено дома.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…