Нема среќа Нејмар – тукушто се врати, пак се повреди
Бразилската суперѕвезда Нејмар по се изгледа ќе мора на нова принудна пауза поради повреда.
Ал Хилал играше против Естегал во азиската Лига на шампиони, а Нејмар го одигра првиот меч во ова натпреварување. Влезе во игра во 58. минута на местото на Ал Хамдан, но не го дочека крајот на натпреварот. На три минути пред крајот на основните 90, Бразилецот мораше да го напушти теренот поради повреда, веројатно на задната ложа.
Се уште нема информации за состојбата во која се наоѓа тој, но од неговиот израз на лицето и солзите на очите можеше да се заклучи дека повторно станува збор за тешка повреда. Нејмар пред две недели се врати на фудбалските терени по едногодишната пауза поради тешка повреда, тренерот ја дозираше неговата минутажа, но очигледно уште не бил максимално подготвен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…