Ненаменско трошење пари во Ансамблот за албански ора, директорот му пее „на увце“ на Ахмети

t

„Фокус“ во септември минатата година пишуваше за тоа како Ансамблот за албански народни ора и песни ги троши парите и како работи во однос на транспарентноста.

Врз основа на ова, во текот на октомври Секторот за управен и инспекциски надзор извршил вонреден инспекциски надзор.

При надзорот било утврдено и ненаменско трошење на пари.

„Извршен вонреден инспекциски надзор и при тоа, меѓудругото е утврден прекршок по член 70-а став (4), казнив по член 91-а став (1) алинеја 7 и став (2) од Законот за културата, односно ненаменско трошење на дел од преведените средства од Буџетот на РСМ, преку МК за 2020 година, потврдуваат од Министерството. Спроведена е постапка за порамнување и е издаден прекршочен платен налог на одговорното лице на Установата, директорот Шкодран Толај, а глобата е платена во законски предвидениот рок (за сторен прекршок по Законот за културата).“

Освен прекршочниот платен налог, никој не бара одговорност од директорот за кој е утврдено дека ненаменски трошел народни пари

Шкодран Толај, оперскиот тенор од Косово на чело на Ансамблот е од 2019 година.

На Фејсбук може да се најде и едно видео кое го објавил Толај каде тој и неговата сопруга му пеат на Ахмети „на уво“ вечерта по вториот круг од локалните избори кои се одржаа лани. На видеото Толај напишал: Xhaxhi!, што во превод значи вујко/чичко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стефан Лазаров со апел за донации за…

Еден од најпознатите македонски водители Зоки Фаци…

Роднина на Вјоса Османи убиен на свадба…

Свадба прерасна во трагедија откако полиција убила…

(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…

Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…

Дел од Општина Центар утре без струја

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа…

Овие 4 хороскопски знаци се родени да…

Астролозите тврдат дека знакот на хороскопот може…