Ненормално е маж да станува жена и со изјава да менува пол, вели епископот Јаков Стобиски
Викарниот епископ Јаков Стобиски е загрижен поради носењето на Законите за родова еднаквост и матична евиденција од Владата.
Пред протестот во четврток организиран од МПЦ, епископот во разговор со „А1он“ вели дека овие закони ќе донесат до „хаос, диктатура и тиранија“.
– Очигледно никој не сака да го слушне народот и нема друг начин да се спротиставиме. Затоа апелирам да ја сочуваме својата традиција, мислење и слобода на говор. Еден од законите за измени на матична евиденција е веќе во собраниска постапка. Законот овозможува да измените ознака за пол во матичните книги само врз основа на изјава дека се чувствувате спротивно од вашиот биолошки пол. Тоа е скандалозно и ненормално. Со овој закон секој може да биде сè. Црквата никогаш не го повикала народот да се буни за нешто, па затоа може да ја замислите сериозноста, од ова нема враќање назад, вели епископот Јаков Стобиски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…