Неофицијално: Убијците мислеле дека убиениот носи злато во автомобилот
На паркингот пред трговски центар „Мавровка“ претпладнево е убиен скопјанец.
Неофицијално, се вели дека тој водел неколку бизниси, а полицијата сè уште не го соопштува неговиот идентитет.
Тројцата осомничени, наводно сите од Скопје, мислеле дека жртвата носи злато во автомобилот. Нападот наводно го извршиле за да го ограбат. Но, откако го убиле човекот и го зеле пленот од колата, виделе дека торбата е полна со алат за продажба, пишува „СДК.мк“.
Убиениот човек наводно имал фирма во близина на седиштето на Општина Аеродром, за продажба на разновиден алат за работа.
„Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. На подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне. Лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, уапсено е уште едно лице. На полицијата ѝ е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово наоѓање“ – соопшти МВР.
Мотивот за убиството е користољубие, според првите неофицијални информации.
МВР не открива како се уапсени двајца од тројцата осомничени, односно дали полицајците сепак ги раниле во престрелката.
И нивниот идентитет засега не се открива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…