Непожелните: Mакедонските истoричари се поклонија пред Делчев, присуствуваше и професорот кој ја напушти комисијата за историja

t

На денешното одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, почит оддадоа и најголемите македонски умови кои се занимаваат со историја, професори од Филозофскиот факултет кои истакнуваат дека Гоце Делчев е неразделен дел од македонскиот народ.

Професорите се зрак светлина, во време кога се уште се тргува со ликот и делото на Делчев, тие покажаа дека гордо ќе се борат за зачувување на историската вистина која несомнено кажува дека Делчев е Македонец.

Меѓу присутните беше и Професорот Ванчо Ѓеорѓиев, кој претходно ја напушти историската комисија од македонска страна, со обвинувања дека таму се тргува со македонскиот национален инетерес и дека се вршел политички притисок врз членовите на коммисијата.

Ова е неговата изјава во периодот кога се откажа од членување во работното тело:

„Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на 15 редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР. При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања, при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година” – рече Професорот Ѓорѓиев.

Од Владата тогаш ги демантираа ваквите обвинувања.

Денес најреномираните историчари уште еднаш покажаа дека стојат со нивниот интергитет, лик и дело зад зачувувањето на македонштината на Гоце Делчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ