Непознати лица упаднале во Бугарскиот КИЦ во Скопје, Софија го осуди „нападот”

t

Непознати лица синоќа упаднале во Бугарскиот културно-информативен центар во центарот на Скопје на улица Македонија, соопштуваат од Бугарското министерство за надворешни работи.

-Ноќта меѓу 15 и 16 март 2023 година непознати лица упаднале во зградата на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, Република Македонија. Во инцидентот, причинета е материјална штета на задниот ѕид на просторијата, која беше отворена на 25 ноември 2022 година. Без разлика на мотивацијата на сторителите, делото е напад врз самата бугарска држава. Потсетуваме дека со билатералниот договор за отворање на Културно-информативните центри од 2003 година, двете земји се обврзаа да гарантираат нормално функционирање на културно-информативните центри во двата главни града, стои во соопштението од портпаролот на бугарското МНР.

Засега не е познато дали сторителите украле нешто од објектот.

Бугарските медиуми информираат дека директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева, на денешната средба во тамошното Министерство за надворешни работи со македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси-Поповска изразила сериозна загриженост поради тоа што, како што се наведува, „ова кривично дело се случува во контекстот на тековната антибугарска кампања во Македонија“.

Таа го истакнала очекувањето на бугарската држава „институциите на Република Македонија не само да ги идентификуваат сторителите на ова злосторство, туку и јасно да покажат дека ваквите напади врз претставништвата на Бугарија се апсолутно неприфатливи и ќе бидат кривично гонети со сета строгост на закон“.

-Од особена важност е да не се дозволи сторителите на ваквите дела да одржуваат чувство на неказнивост, за што се важни и ефективното спроведување на правдата и јавниот наратив создаден од политичарите, се наведува во соопштението од тамошното МНР.

Новите простории на Бугарскиот КИЦ свечено беа отворени на 25 ноември 2022 година во присуство на министрите за култура на Бугарија и Македонија.

Центарот е формиран во 2006 година како резултат на договор меѓу владите на Република Бугарија и Република Македонија од 18 април 2003 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…