Непознато лице си плаќало гориво во Италија од туѓа картичка – Оштетен тетовец за 886 евра
На 13.07.2026 во 14:00 часот во Одделението за криминалистичка полиција Тетово, 64-годишен маж од с. Голема Речица, пријави кривично дело „злоупотреба на платежна картичка“. Според пријавеното, од страна на непознат сторител била злоупотребена неговата платежна картичка наменета за плаќање патарини и точење гориво во Европа. Оштетениот добил известување дека на 28.06.2026 во 20:49 часот на бензинска пумпа во Италија, била реализирана неовластена трансакција во износ од 886 евра за наточено дизел гориво иако во тој период не бил воопшто во Италија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…