Непознат човек влегол во дневната соба на професорката Ванковска

t

Непознат човек влегол во дневната соба на професорката Биљана Ванковска која беше кандидат за претседател на Македонија на последните претседателски избори кога убедливо победи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Ванковска најавува дека во иднина ќебја заклучува влезната врата од нејзиниот дом.

Таа на социјалната мрежа Фејсбук открива детали за инцидентот:

Замислете ја оваа сцена: Си седите во дневната соба уживајќи во мирот на утринското кафе, кога одеднаш без никаква најава, некој ја отвора вратата од верандата. Во прва секунда мислите дека е тоа некој од вашите блиски, но гледате непознат човек кој веќе прави сигурни чекори внатре. Скокате од троседот, кафето само што не ви се истурило од шок, и го прашувате човекот како се осмелува да ви влезе во дневна соба како да е дома!!! Тој се’ уште стои без намера да излезе, никако да сфати дека за да се најде во нечија дневна соба минал низ порта на семејна куќа, па дворче, па наместо на главна врата си одбрал врата на верандата и без тропање си влегува слободно – уште локум да го дочека! Почнувате да му викате и да барате веднаш да излезе. Тој дури тогаш покажува некаква нелагода, и кажува дека му рекле дека тука е некоја фирма, некој Стојан, бла-бла… но сепак полека излегува, дури и покажува непријатност што е избркан. На крај изустува едно извинете, јас мислев фирма е – и заминува пак меѓу леите со цвеќиња, домашни предмети, се’ што укажува на приватен дом! Ни фирма, ни ознака, ни ништо…

Ме вознемири, па отпосле заклучив насекаде – и си го гледам дворчето. Навистина, оваа година можеби не е во најдобра кондиција (имавме реконструкција на кровот, едни мајстори, други мајстори, се’ лом се стори) – ама приватен дом е приватен дом, дворче е дворче.

За среќа ништо опасно, но сепак веќе се вгнездува мислата дека секоја будала може без чукање, без најава да ви се тупне среде дневна соба! Сега клуч на врата, кој сака нека ѕвони за да му отворам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Непознат човек влегол во дневната соба на…

Непознат човек влегол во дневната соба на…

Масовен протест во Даблин против посетата на…

Голем број граѓани денеска излегоа во центарот…

Десетици илјади граѓани на „Маршот за слобода“…

Десетици илјади луѓе денеска се собраа на…

Поскапата нафта ги притисна азиските пазари и…

Акциите и валутите на азиските пазари во…

Август 2026 бил најтоплиот август во досегашните…

Планетата го забележала најтоплиот август во досегашните…