Неразбраните политичари во Македонија ќе го прогласат за „бугарски“ интелектуалниот крем на македонската младина од времето на СФРЈ

t

Една од најопасните точки во протоколот е онаа која се однесува на архивите. И покрај тоа што можеби ви звучи бенигно, всушност, во тој дел лежи бугарскиот обид да докаже дека сме „ист народ разделен по идеолошка линија“ и тоа ќе го прави токму преку архивите.

Каде е замката?

И покрај тоа што Република Македонија со закон ги декласифицираше досиејата од тајната полиција за следењето на Македонци од политичко идеолошки побуди, сега Бугарија бара да ја добие таа документација. Во тие досиеја каде што биле иследувани Македонци кои се залагале и дејствувале за идејата – независна Македонија, односно нејзино отцепување од СФР Југославија, репресивниот апарат ги водел по „линија на ВМ“ (линија на Ванчо Михајлов) или како бугарски и непријателски елемент кој работел против социјализмот.

Меѓу имињата кои биле следени по линија на „ВМ“ ќе најдете огромен број на луѓе, ако не и 80% од вкупниот број, кои не можете никако да ги поврзете со Бугарија и нивна наводна дејност во корист на Бугарија туку напротив, повеќето од нив биле негативно расположени кон бугарската држава и политика и нејзините ставови за Македонците и македонското прашање. Доколку не биле заведени како „ВМ или бугарски елемент“ тогаш нивното оцрнување помеѓу населението ќе било неуспешно.

До сега се објавени книги и трдуови во кои ова е научно обработено, има стотици сведоштва од иследувани Македонци кои децидно кажуваат дека работеле за македонското прашање што подразбирало и дејност против бугарската политика кон македонското прашање. Тука спаѓаат и ВМРО Правда, ВМРО СДРМА, и десетици други илегални организации кои биле прогонувани. Водечките луѓе и членовите на овие организации и те како ја побиваат бугарската теза за наводниот идолошки судир на ист народ.

Целта на Бугарија е да ги земе сите овие документи и да докажува дека во Социјалистичка Република Македонија биле прогонувани и репресирани десетици илјади бугари кои не биле на иста идеолошка линија со нивните сонародници комунисти.

Неразбраните политичари во Македонија со ова ќе го прогласат за „бугарски“ интелектуалниот крем на македонската младина од времето на СФРЈ, додека тогашните власти ќе ги прогласат за непослушни бугари кои под притисок на Белград и комунизмот се одвоиле од матицата.

За политика треба ум и знаење.

* Фејсбук статус на Никола Србов – ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…