Објавено на:

Несреќа во Шпанија: Се судрија патнички воз и локомотива, повредени 22 лица

t

Несреќа се случи во североисточна Шпанија кога регионален патнички воз и локомотива директно се судрија, при што беа повредени најмалку 22 лица, јавуваат тамошните медиуми.

Регионалната влада на североисточна Каталонија објави дека пет од 22 лица се во тешка состојба, пренесува АП. Судирот се случил во неделата доцна навечер во близина на градот Вила-сека, јужно од Барселона, а во возот имало 75 патници.

Шпанската железничка инфраструктура соопшти дека локомотивата имала проблем со сопирачките, а истрагата за судирот е во тек.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на пругата и денеска останал во прекин.

Текстот 22 лица се повредени во судир на патнички воз и локомотива во Шпанија е преземен од МАКФАКС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Шпанија со црн рекорд: Недостигот на вода…

Шпанија регистрираше близу 4.500 смртни случаи поврзани…

Силна бура зафати дел од Шпанија —…

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…

Шпанија и Мароко распоредуваат дополнителни сили на…

Илјадници шпански и марокански полицајци и војници…

Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…

Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…