НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ДО САБОТА: Попладнево повторно дожд, ветер и грмежи
Периодот на нестабилно време ќе продолжи до сабота кога претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа пороен дожд и грмежи. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
– Од недела услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови, освен во понеделник кога ќе биде нестабилно на повеќе места во земјата. Од сабота дневната температура постепено ќе се покачи – соопшти УХМР.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 35 литри на квадрат, навранало во Тополчани, 26 во Струмица и Крушево, 25 на мерна станица Пожар, 22 во Гевгелија и Прилеп, 21 во Тетово, 19 литри на квадратен метар во Дебар, 16 во Демир Капија, 14 во Битола, 13 во Штип, 12 во Пожаране, Скопје – Зајчев Рид и на Попова Шапка, девет во Куманово, осум во Маврово, седум во Берово, шест во Охрид, три во Виница, два литра на квадрат дожд се измерени во Скопје – Петровец, Крива Паланка и Претор.
Времето до крајот на денов ќе биде променливо облачно, на повеќе места и особено во јужните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен. Слично време и во Скопје каде што температурата ќе достигне 30 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…