Нестабилно време со обилни врнежи овој викенд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре попладне најпрво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја времето ќе биде облачно со повремен дожд.
Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопската котлина во вечерните и ноќните часови времето ќе биде облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.
Од недела ќе дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.
Минимална температура ќе се движи од четири до 17, а максималната од 16 до 26 степени.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УХМР: Вчера дувал ветер од 134 km/h!
УХМР објави информација за максимална брзина на…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
Попладнево и утре ќе има невреме во…
Македонија во четврток ќе остане под влијание…
УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд,…
Утре ќе има изолирана појава на нестабилност,…